Ракометарите на Охрид ја постигнаа и втората победа на турнирот „Крсте Андоновски“. Тие вечерва на домашен терен ја совладаа Војводина со 29:19.

Ова всушност е двојна победа за охриѓани бидејќи истиот натпревар е и дел од Регионалната лига.

Но, за пласман во финалето ГРК Охрид ќе треба да бидат поуспешни од хрватскиот првак. Двете екипи имаат по две победи, а меѓусебниот дуел го играат во петок.

Најзаслужен за денешната победа беше голманот Дино Славиќ, кој имаше 15 одбрани.

Во првиот натпревар од денешната програма Загреб ја совлада репрезентацијата на Египет до 20 години со 38:28.

Утре (четврток) на програмата се нови три натпревари: Војводина – Египет М20 (почеток 16:30 часот); Олимпијакос – Тримо Требње (почеток 18:45 часот) и Вардар – Нексе (почеток 21 часот).