Со одигрувањето на реванш натпреварите од третото елиминациско коло, комплетирани се двојките за плеј-офот во Лигата на шампионите.

Дел од фаворитите како Фенербахче, Лион и Динамо Загреб ја оправдаа улогата, но не и белградска Црвена Звезда. Српскиот шампион повторно беше поразен од израелската екипа Хапоел Бер Шева, сега пред своите симпатизери со 0-2.

Бугарскиот претставник Левски Софија, во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Никола Серафимов, го елиминира казахстанскиот Каират. Историски успех направи словенечкиот кој беше подобар во двомечот со ерменскиот Арарат.

ДВОЈКИ ЗА ПЛЕЈ-ОФОТ

Фенербахче – Лион
Левски Софија – АЕК Атина
Селтик – ЛАСК Линц
Динамо Загреб – Викинг
Слован Братислава – Цеље
Хапоел Бер Шева – Сабах
НЕЦ Нијмеген – Боде/Глимт

Првите натпревари се закажани за 18 и 19 август, додека реваншите ќе се одиграат на 25 и 26 август. Победниците ќе обезбедат пласман во групната фаза на Лигата на шампионите.