Кошаркарска јуниорска репрезентација на Македонија (У18) ја извојува втората победа на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Хрватска.

Нашите млади кошаркари го играа натпреварот против Исланд за пласман од 13 до 16 место. Избраниците на Мишо Тодоровиќ се израдуваа на втората победа на првенството, добивајќи го натпреварот со 86-74.

Иако првиот квартал напите јуниори го одиграа лоши и го загубија со 9-25, сепак во вториот се вратија во огра. Далеку подобро одиграа македонските надежи, ја добија четвртината со 12-35 и на одмор заминаа со +7 (44-37).

Во третата четвртина повторо Исланд беше подобар (16-22), па во заврпните 10 минути, Македонија влезе само со поен преднсот (60-59). Во последниот квартал, нерешените 65-65, црвено-жолтите со две серии уепеаја да се одлепат и на крајот да слава со двоцифрена разлика +12.

Григориј Ѓорѓевиќ беше наиот најефикасен кошаркар со 18 поени, еден повеќе од Ѓорѓи Цветковски (17).

Така утре (11.30 часот) во последниот натпревар на првенството, македонските јуниори ќе разигруваат за пласман за 13-тото место. Противник ќе им биде Велика Британија. која денеска го совлада Азербејџан.