По еден ден пауза продолжуваат натпреварите во „Б“ Дивизијата на Европскиот шампионат за кошаркари до 18 години во Опатија, Хрватска.
Македонската јуниорска репрезентација со една победа и три порази заврши четврто пласирана во својата група. Триумфот над Шведска избраниците на селекторот Мишо Тодоровиќ и денеска ќе имаат скандинавски противник. Со дуелот против Финска, македонските јуниори го почнуваат разигрувањето за пласман од 9 до 16 место.
Натпреварот Македонија – Финска ќе почне од 20.30 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇
Победникот од овој натпревар ќе игра со подобриот од дуелот Исланд – Швајцарија во дуел за пласман од 9 до 12 место. Поразените ќе разигрува од 13 до 16 место во конечниот пласман.





































