Младата машка репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години денеска го почнува настапот на Европското првенство.
На шампионатот што се одржува во Белград, младите македонски ракометари ќе го играат дуелот против селекцијата на Словенија.
Ова е натпревар од групата А во која се и репрезентациите на Франција и Шведска.
Конкуренцијата е исклучително силна, но избраниците на селекторот Горан Кузмановски не размислуваат да истакнат бело знаме. Напротив. Ќе се обидат со голема борба да се втурнат во трка за двете места што водат во повисок ранг од натпреварувањето во втората фаза. Задачата нема да биде нималку лесна, но со борбена и пожртвувана игра, се е можно.
Денешниот дуел меѓу Македонија и Словенија ќе почне од 12 часот. Впрочем, во истиот термин ќе се играат и следните два натпревари со Франција утре и против Шведска во сабота.































