Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на турнирот во Олерсбах, Австрија.

Во мечот од 2.коло, со Словенецот, Бор Артнак, нашиот тенисер го предаде поради повреда.

Тенисерите минаа околу 70 минути на теренот до моментот кога Ивановски се повлече.

Првиот сет му припадна на Артнак со 6:4 во гемови, откако успеа да направи брејк во третиот гем и да поведе со 2:1 во гемови. Ивановски во деветтиот гем успеа да спаси сет топка.

Во вториот сет Артнак веднаш направи брејк и поведе со 1:0 во гемови по што македонскиот тенисер го предаде мечот.