Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ), ги изрече казните за инцидентот по самото завршување на натпреварот меѓу Борец и Шкендија одигран во Велес пред три дена, а во рамките од полуфиналето на плејофот.
За „пресметката“ со домашните навивачите ОФМ изрече парични казни на двајца членови на тетовската екипа.
„Со оглед на разгорените страсти и инцидентите по вториот натпревар од серијата меѓу велешани и тетовци, ОФМ парично ги казни тренерот на Шкендија, Дурим Љума, со 30.000 денари за агресивно и неспортско однесување на членови на екипа, како и играчот Бен Талеб со 35.000 денари како иницијатор на немилите сцени по завршување на натпреварот“.
Како ќе мине мајсторката што треба да речи кој тим ќе биде противник на Струмица во финалето ќе видиме на утрешниот (четврток) натпревар закажан за 20.30 часот (пренос МРТ3)
Претходно, ОФМ изрече парични казни и за инциденти во Струмица на женското полуфинале меѓу Наковски Волеј и Јанта Волеј.