Станува ли македонската одбојка „ризичен„ спорт!?

Можеби маргинализиран во однос на ракометот, фудбалот и кошарката, барем во нашата земја е так, одбојкарскиот спорт е еден од нај атрактивните во светот.

Ако ништо повеќе барем по еден натпревар неделно љубителите на овој спорт може да следат низ директните преноси на Македонската телевизија.

Ретко (чест на исклучоци) по некој клуб ја користи „модерната“ технологија, па одвреме на време можеме да проследиме и по некој натпревар на социјалните мрежи или Јутуб каналот.

А, би било супер, ако и одбојкарските клубови го прават она што веќе подолг период е пракса во останатите спортови, интернет пренос од речиси секој натпревар.

И, тогаш македонската спортска јавност ќе има вистинска слика за тоа, каква ни е македонската одбојка, во кој правец се движи.

Вака само може да нагаѓаме, кои се причините за немилите сцени што ни се случуваат на одбојкарските терени.

Откако веќе бевме сведоци на препукувањата на два женски колективни, на кој имаше и обиди за физички напади, вечерва повторно несакан крај. (ВИДЕО ОВДЕ)

По самиот крај на мечот меѓу Борец и Шкендија, дел од публиката во салата „Ѓемиџии“ во вербална расправија со дел од гостинскиот тим, која за среќа не премина во нешто по сериозно, со поголеми последици.

Ние само се прашуваме. До каде може да ескалираат работите и дали вреди финалето, титулата за вака и на ваков начин да биде претставен еден од најубавите спортови во светот!?