Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не ги криеше симпатиите кон својот поранешен клуб, Челзи.

Анчелоти имаше успешна етапа со лондонските сини и во 2010-та се искачи на тронот на Премиер лигата.

„Имам фантастични сеќавања од Челзи, навивам за тој клуб.
Дали ќе се вратам?
Мислам дека Лампард е вистинскиот човек и дека ќе направи одлична работа со нив“,
изјави Анчелоти.

Овие две екипи и минатата сезона се сретнаа во четвртфиналето, па од тука Анчелоти најави дека ќе бидат внимателни, но иста така и мотивирани.

„Многу се намачивме со Челзи минатата сезона, мораме да ги почитуваме.
Челзи е тим со многу ѕвезди, имаат добри играчи и сигурно ќе бидат мотивирани“,
заврши Анчелоти.

Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид меѓу Реал и Челзи започнува во 21 часот.

Филип Василевски