Познати се првите два тима кои обезбедија пласман во полуфиналето на регионалната кошаркарска АБА2 лига.

На завршниот турнир што се одржува во Домжале, Словенија, веќе се одиграа првите четвртфинални средби, во кои фаворитите ја оправдаа улогата, па Подгорица и Крка се пласираа во ТОП4.

Црногорскиот тим Подгорица славеше победа над српскиот Златибор со 98-64, додека словенечката Крка беше подобра од Сутјеска со 91-82.

Така овие два тима закажаа меѓусебен дуел во полуфиналето закажано за во сабота.

На ред е третиот меч (18 часот) во кој македонскиот вицепрвак, битолски Пелистер ќе има тешка задача во дуелот со најдобриот тим од лигашкиот дел и домаќин на турнирот Хелиос Сан.

Победникот од овој натпревар во полуфиналето ќе игра со подобриот од последниот четвртфинален дуел во кој ќе играат Борац Бања Лука и Широки Бријег.

Финалето на програмата е во сабота (20.30 часот).