По дводневна пауза на Светското фудбалско првенство вечерва продолжуваат возбудувањата. Досега на Мундијалот се одиграа вкупно 100 натпревари, а 101-от ќе го даде и првиот финалист.
Франција и Шпанија во натпреварот во Далас ќе решаваат кој ќе има шанса да стигне до шампионскиот трофеј.
Иако двете соседните земји првпат играа меѓусебно пред 104 години, на Светското првенство тие само втор пат ќе се сретнат ,меѓусебно и тоа по пауза од 20 години.
Светскиот вице-првак Франција, покажа најмногу на Мундијалот забележувајќи шест победи во исто толку натпревари. Затоа Триколорите со право на завршната анализа на прогноза котираат најдобро од четирите селекции колку останаа во игра.
Фантастичниот напаѓачки тандем Мбапе – Дембеле, е страв и трепет за секоја противничка одбрана. Но, Шпанија пак ја има најдобрата на Мундијалот. „Црвената фурија“ досега прими само еден гол и тоа во четвртфиналето. Шпанија на овој турнир донекаде потсетуваше на оној од 2010 година, кога за прв пат станаа светски шампиони.
Најатрактивниот (најефикасен) дуел е нивниот последен, од полуфиналето на Лигата на нации одиграно во јуни минатата година. Тогаш Шпанија победи со 5:4 и покрај тоа што водеше со 5:0. Франција сака да им се реваншира на Шпанците не само за тој пораз туку и претходниот на Европскиот шампионат 2024 кога Шпанците станаа европски прваци.
Че одолеат ли Шпанците на францускиот напад, или Јамал и дружината ќе направат нова „маѓија“ останува да видиме.
Дуелот во Далас ќе почне од 21 часот.

| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 👑 1/16 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🔥 1/8 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | ⚡ 1/4 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🚀 Полуфинале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🏆 Финална Фаза | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|


































