Македонскиот првак Вардар попладнево во финскиот град Куопио ќе го игра реванш натпреварот против екипата на КуПС. Тоа е дуел од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Вардарци во овој меч ќе стартуваат со два гола негатива, откако на првата средба во Скопје, загубија со 0-2.

Избраниците на аргентинскиот стратег Кристијан Фабијани ги разочараа своите симпатизери „Комитите“ со прикажаното на првиот дуел. Затоа Аргентинецот, инсистира на промена на менталитетот на екипата, нагласувајќи дека Вардар не смее да влезе во натпреварот безглаво и очајнички.

Од друга страна тимот на КуПС полн со самодоверба ќе влезе во овој дуел. Актуелниот фински шампион е лидер на табелата и во новата сезона во која веќе има одиграно 15 натпревари и остварено 8 победи.

Ќе се надмине ли Вардар, првенствено самиот себе, и ќе успее ли да направи изненадување, останува да видиме.

Натпреварот ќе почне во 17 часот.

Потсетување дека доколку вардарци не го поминат КуПС, ќе играат во второто коло од квалификациите за Конференциската лига со подобриот од двомечот Арарат, Ерменија и Рига, Летонија (2-0 рв меч).

Следете нé на социјалните мрежи