Актуелниот првак Аргентина е последната четврта репрезентација што обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство.
Ова откако ноќеска Аргентинците во последниот четвртинален меч ја совладаа Швајцарија со 3-1 по продолженија откако регуларниот дел заврши 1-1.
Мечот одлично почна за ,,гаучосите’ кои поведоа веќе во 10.минута,со погодокот на Мек Алистер поведоа со 1-0. Сепак цврстата Швајцарија не се откажа така лесно. Во вториот дел, односно 67-тата минута Ндоје го израмни резултатот. Само пет минути подоцна европската селекција остана со човек помалку откако Емболо заработи втор жолт картон и предвреме мораше да го заврши натпреварот.
Аргентинците не успеа да ја искористат бројчената надмоќ во регуларните 90 минути. Сепак тоа е им успеа во дополнителните 30. Со головите на Хилијан Алврез (112.минита) и Лаутаро Мартинез (120), Аргентинците успеаја конечно да го скршат одборот на Швајцарците.
Со тоа Аргентина избори ново полуфинале, во која за противник ќе има репрезентацијата на Англија. Првиот полуфинален парк го сочинуваат светскиот вицепрвак Франција и европскиот шампион Шпанија.































