Македонската ракометна репрезентација за играчи до 20 години доживеа нов неуспех на Европското првенство во Романија.
Нашите младинци претрпеа пораз од Австрија со 28-24 во рамките на разигрувањето. Ова е четврти последователен пораз за тимот предводен од селекторот Игор Илиевски на овој шампионат.
Поповски и Матески беа, колку толку, светла точка во нашиот состав со по шест постигнати голови. Нивната ефикасност сепак не беше доволна за да се извлече позитивен резултат против расположениот противник.
Со овој пораз Македонија дефинитивно ги загуби сите шанси за подобар пласман на првенството. Нашата селекција продолжува да разигрува во долниот дел за позициите од 17. до 24. место.
Нова шанса за поправен испит и прва радост нашите ракометари ќе имаат веќе во следниот натпревар. Македонија ќе се соочи со селекцијата на Летонија која е следниот противник во групата.


































