Машката младинска кошаркарска репрезентација на Македонија (до 20 години), попладнево го започнува својот настап во Б дивизијата на Европското првенство. Шампионатот се одржува во Братислава, а ќе трае до 19 јули.
Нашите надежи се сместени во групата А, во која за противници ќе ги имаат: Ирска, Шведска, Азербејџан и домаќинот Словачка. Токму против домаќините Словаците, избраниците на селекторот Никола Велев ќе го почнат својот настап.
Зад оваа селекција е интензивен 25-дневен подготвителен период. Велев е задоволен од сработеното и потенцира дека играчите покажале врвен професионализам. Тимот се соочува со одредени кадровски проблеми пред самиот старт. Поради повреди, надвор од стројот се Никола Јаничиќ и Стефан Стојковиќ. Во составот го нема ниту Димитар Зетов кој кариерата ја продолжува во Америка.
Сепак, стручниот штаб има целосна доверба во преостанатите кошаркари.
Фокусот е целосно насочен кон денешниот дуел со домаќинот, што ќе почне од 18 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇.
НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНИЈА – „А“ група
10 јуни | МАКЕДОНИЈА – Словачка 18.00 ч.
11 јуни | МАКЕДОНИЈА – Ирска 13.30 ч.
14 јуни | МАКЕДОНИЈА – Шведска 13.30 ч.
15 јуни | МАКЕДОНИЈА – Азербејџан 21.00 ч.



































