Откако селекцијата на Франција стана првиот полуфиналист, вечерва ќе го дознаеме и вториот патник меѓу четирите најдобри на Светското првенство.

Репрезентациите на Шпанија и Белгија ќе го дадат противникот на Триколорите во полуфиналето.

Шпанија стигна до четвртфиналето на импресивен начин. Тимот, предводен од Луис де ла Фуенте, демонстрираше неверојатна дефанзивна цврстина, без да прими гол во пет одиграни натпревари. Голманот Унаи Симон постави нов рекорд на турнирот со повеќе од 600 минути без примен гол.

По почетниот нерешен резултат без голови (0:0) со Зелено’ртските Острови, Шпанија ги победи Саудиска Арабија (4:0) и Уругвај (1:0) во групата. Потоа следуваа победите над Австрија (3:0) и Португалија (1:0) во нокаут фазата.

Од друга страна, Белгија, по побавниот почеток во групата. Одигра нерешено со Египет и Иран, па експлодираше во нападот, победувајќи ги Нов Зеланд (5:1). тешко одеше во дуелот со Сенегал кого го победи со 3:2 по продолженијата, но лесно го домаќинот САД (4:1) во осминафиналето.

Кога станува збор за меѓусебни натпревари, традицијата е на страната на Шпанија. Во 22 меѓусебни натпревари, Шпанија победила 12 пати, Белгија на пет, додека пет натпревари завршиле нерешено.

Како ќе биде вечерва во Лос Анџелес останува да видиме во дуелот што ќе почне од 21 часот.

Cup tree provided by Sofascore