Африканскиот шампион Мароко е првата селекција која обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство.
Во првиот осминафинален натпревар одигран во Далас, Мароканците го совладаа еден од ко-домашините на првенството Канада со 3-0.
Јунак на Мароканците е филтерот на шпанската Џирона, Азедин Унаи кој ги постигна двата гола и тоа во второто полувреме.
Се играше 50-тата минута кога Хакими од десната страна изведуваше слободен удар. Кога сите очекуваа уфрлување во шеснаесетникот на Канада, тој се реши на додавање надвор од него.
Го пронајде одлично поставениот Унаи кој со одмерен и прецизен удар ја затресе канадската мрежа.
Иако Канаѓаните во продолжението се обидуваа со сите сили да го израмнат резултатот, немаа расположен стрелец.
Искусниот марокански тим тоа го казни во 82.минута кога по одличната контра, Брахим Дијаз одлично го проигра Унаи кој уште еднаш се запиша во листата на стрелци за 2-0.
Конечен резултат на натпреварот, 3-0 за Египет го постави Рахими во осмата минута од судиското дополнение.
Сега фудбалерите на Египет ќе го чекаат исходот од натпреварот што следува, а ќе се игра во Филаделфија од 23 часот.
Таму светскиот вицепрвак Франција е апсолутен фаворит во дуелот со Парагвај. Победникот од тој меч ќе го даде противникот на Мароко во четвртфиналето.

| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 👑 1/16 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🔥 1/8 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | ⚡ 1/4 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🚀 Полуфинале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🏆 Финална Фаза | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|

































