Годинашново издание на „Мекедонија Опен“ е во самата завршница, а остануваат да се одиграат уште пет мечеви во двете конкуренции (сингл и дубл).

На големо задоволство на домашните љубители на тенисот, меѓу полуфиналистите е македонскиот Дејвис куп репрезентативец Калин Ивановски.

Тој утринава ќе игра во првиот меч во поединечна конкуренција, а во двојки ќе настапат и Обрад Марковски и Горазд Србљак.

Калин за противник во полуфиналето ќе го има бугарскиот тенисер  Јанаки Милев, во мечот што ќе почне од 11.30 часот на централниот терен. По нив, во второто полуфинале, ќе играат Владислав Орлов (Украина) и Стефан Поповиќ (Србија).

Во истиот термин (11.30 ч) на теренот број 5, Обрад Марковски и Горазд Србљак ќе го играат полуфиналето во двојки. Противници на македонските тенисери ќе бидат против Николас Бруна (Чиле) и Франциско Томас Гешвинд (Аргентина).