Актуелниот светски шампион Аргентина очекувано се пласира во осминафиналето на првенството што се одржува во САД, Канада и Мексико.

Аргентинците предводени од Лионел Меси се изнамачија да ја потврдат фаворитската улога во дуелот со Зленор’тските острови против кои славеа со 3-2 по продолженија, откако регуларниот дел заврши 1-1.

Аргентинците постојано ја контролираа играта и го напаѓаа голот на противникот. Создадоа голем број на шанси, но единствената во регуларниот дел ја искористи Лионел Меси. Се играче 29.минута кога Лисандро Мартинез со одлична длабочинска топка го пронајде Меси кој со својот седми гол на Мундијалот донесе предност на Аргентинците со 1-0.

Имаа уште пет-шест зрели шанси за гол светските прваци, но не ги искористија, па следуваше непишаното правило. Дојде казната на спротивната страна кога во 59.минута Дуарте израмни на 1-1.

Се трудеше Аргентина да ја врати предноста но не успеа во тоа во 90-те минути, па се играа продолженија.

А, во нив, вистинска лудница и уште три гола. По само три минути игра Аргентина поведе со 2-1. Тогаш по корнерот на Меси, топката дојде на Лисандро Маринез кој ја затресе мрежата на противникот.

Голема радост ана фудбалерите и навивачите на Аргентина присутни на стадионот во Мајами, не траеше долго. Веќе во 103-тата минута ново израмнување. За тоа се погрижи Лопез Карбал со прекрасен гол за 2-2.

И тука возбудувањата не престанаа. Во 111.минута по корнерот на Меси, со глава биеше Ромеро, а последен топката ја зафати Боргес кој си постигна автогол.

Аутсајдерот Зеленор’тски острови не се откажа. Создава фудбалерите на оваа репрезентација неколку шанси за трето израмнување, но голманот Емилијано Мартинез не го дозволи тоа.

Така Аргентина обезбеди пласман во следната рунда, а на патот кон одбраната на титулата, во осминафиналето, ќе биде селекцијата на Египет

Cup tree provided by Sofascore