Селекцијата на Египет е четиринаесеттата што обезбеди пласман во осминафиналето на Светското фудбалско првенство.
Ова откако вечерва во Далас, Тексас, фудбалерите на Египет славеа победа со 4-2 по против Австралија и тоа по подоброто изведување на пенали. Резултатот во регуларниот дел беше 1-1, а така остана и по продолженијата.
По еден гол, на двете страни, беше постигнат во двете полувремиња.
По нафрлувањето на Хафез, на вистинското место, не бранет од никого, се најде Апур за водство на Египет од 1-0. Тој резултат остана до крајот на првиот дел.
Во вториот, Австралијците заиграа поактивни. Како резултат на таквата игра дојде и израмнувањето во 55.минута и тоа благодарение на автоголот на Хани.
Египќаните се обидуваа да ја вратат предноста и да стигнат до втор гол, а наблиску до тоа беше Салах, но австралискиот голман Бич го спречи тоа. И во дополнителните 30.минути, популарните „Фараони“ беа оние кои се трудеа повеќе, но никако не успеаја да го најдат патот до мрежата на Бич.
Затоа пеналите решаваа за победникот. А, во пенал серијата повеќе, концентрација, среќа, но и нерви имаа фудбалерите на Египет.
Сега тие ќе го чекаат исходот од полноќниот дуел меѓу Аргентина и Зелено Р’тските острови. Разбирливо актуелниот светски шампион Аргентина„ важи за апсолутен фаворит, па јасно е дека Египет во осминафиналето ви играле со „гаучосите“ само доколку не се случи сензација.



































