Македонскиот шампион Вардар попладнево го игра реванш дуелот против Војводина во четвртфиналната рунда на ракометната СЕХА лига.
вардарци во Нови Сад отпатуваа со голема предност од првиот меч кој во Скопје го добија со 13 голови разлика, 38-25, па се освен пласман во полуфиналето на македонскиот првак би било големо изненадување.
„Војводина одигра добро во Скопје иако на крај разликата беше висока во наша корист. Верувам дека и тие се надеваат дека може да не победат, а ние секако сериозно го сфаќаме тој натпревар. Нема што да калкулираме ниту да размислуваме – едноставно сакаме да победиме“,
вели искусното крило Гоце Георгиевски.
Вардарци во Нови Сад отпатуваа без Борко Ристовски, Стојанче Стоилов и Дарко Ѓукиќ, но нема многу што да менуваме во играта.
„Имаме голема предност од првиот натпревар, но без разлика на тоа ќе бидеме максимално фокусирани на натпреварот со Војводина. Тие во Скопје играа со комбиниран тим, но не знаеме како ќе биде сега. На секој меч одиме со мисла да победиме. Во Нови Сад ќе бидеме без Борко Ристовски, Стојанче Стоилов и Дарко Ѓукиќ. Нема што многу да менуваме во играта, треба само да го наметнеме нашето темпо.
Секако ќе добијат шанса сите да играат“, вели тренерот Владо Недановски.
Дуелот меѓу Војводина и Вардар се игра попладнево во терминот од 16:30 часот.