Женската ракометна репрезентација на Македонија попладнево го игра реванш бараж дуелот за пласман на Светското првенство против Украина. Првиот натпревар одигран во Скопје заврши со победа на противникот со 24:22. Во натпревар со две различни полувремиња. Во кои нашите имаа слаб старт и негатива од седум голови, а во еден момент на вториот дел да биде и нерешено 16:16.

Како и да е за избраничките на селекторот Љубомир Савевски преостанува да одиграат две добри полувремиња, а ако противничките бидат подобри да им се честита на победата и пласманот на Мундијалот во Норвешка, Данска и Шведска.

Инаку, натпреварот се игра во унгарскиот град Кишварда (град во близина на украинската граница) поради војната во Украина. Почетокот на натпреварот е во 17 часот.

Покрај овој натпревар од бараж дуелите денеска играат уште Чешка и Швајцарија, а победа на првиот дуел како гостин постигнаа ракометарките на Чешка со 32:31. Другите осум баражи се играат утре (среда).