Единаесеттиот ден на Светското фудбалско првенство, носи нови возбудувања од последното 3.коло во групите Д, Е и Ф.
Само две селекции (САД и Германија) веќе го имаат обезбедено своето место во првата рунда од разигрувањето. За останатите во игра се дури осум селекции.
„Битката„ за шеснаесетина-финале започнува во Е групата. Во оваа конкуренција најблиску до Германија, која си ја заврши работата со двете победи досега, е селекцијата на Брегот на Слоновата коска. Африканскиот состав има два бода повеќе во однос на конкурентите, Еквадор и дебитантот Курасао против кого ќе игра вечерва. Натпреварите во оваа група стартуваат во терминот од 22 часот.
📅
⏰
👑 Е група
Град
⚽
#
Тим
Натпревари
Победи
Нерешено
Порази
Голови
Гол-разлика
Бодови
Во 1 часот по полноќ закажат е стартот на дуелите во многу по неизвесната Ф група.
Иако Холандија и Јапонија веќе собраа по четири бодови, сепак веднаш зад нив е Шведска со еден помалку. Тунис нема ниту еден бод, но се надева на изненадување над Холанѓаните , со кое Тунижаните и можеле барем за миг да се надеваат на пласман понатаму. Јапонија и Шведска во директниот дуел ќе решаваат за директен пласман во следната фаза, без дополнителни математики.
📅
⏰
👑 Ф група
Град
⚽
#
Тим
Натпревари
Победи
Нерешено
Порази
Голови
Гол-разлика
Бодови
Американците кои се ко-домаќини на првенството, веќе се меѓу 32-те селекции што ќе играат во нокаут фазата. Но, ноќеска Американците ќе бидат под „инвазија“ од Турците. Двата порази на Турците не им остана никаква друга шанса освен со триумф над САД да втурнат во играа за третата позиција на табелата. За втората Турците немаат шанса бидејќи Австралија и Парагвај кои имаат по три бодови играат меѓусебно.