Репрезентацијата на Јужна Африка го направи едно од најголемите изненадувања во групната фаза на Светското првенство.

Иако собраа само еден бод во првите два натпревари, популарните „Бафана – Бафана“ го завршија натпреварувањето во групата А со историски успех. Јужноафриканците ја победија Јужна Кореја со 1-0 и за прв пат, обезбедија пласман во нокаут фазата на Светското првенство.

Само триумф им гарантираше на Јужноафриканците пласман во шеснаесетфиналето, додека азискиот тим речиси сигурно имаше право на бод, но не успеа да го освои. Херој на историскиот триумф беше Тапело Масеко, кој со гол во 63-тата минута ѝ го донесе на својата нација второто место во групата.

Како прво пласирана заврши репрезентацијата на Мексико. Ко-домаќинот на Мундијалот ја впиша и третата победа, совладувајќи ја Чешка убедливо со 3-0.

За Чесите првенството заврши, а дали ќе заврши и за Јужна Кореја, ќе покажат резултатите во другите групи, од кои 8 од 12 селекции кои ќе завршат како трето пласирани ќе продолжат понатаму.

📅 👑 А група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови