Лина Ѓорческа ја мина првата пречка во квалификациите на Вимблдон. Лина ја совлада Анхела Фита Болуда од Шпанија со 2-0 во сетови (6-2 и 6-4) за 79 минути игра.

Ѓорческа имаше пет брејка во мечот од осум прилики, а противничката 2/3. Во вкупниот број поени македонската тенисерка беше поуспешна 63:51, а на мрежа Лина имаше извонреден ефект 11/13, а Болуда 7/21.

Во првиот сет Лина Ѓорческа имаше комплетна доминација и сетот го доби со 6:2 во гемови.

Во вториот сет Болуда направи брејк и поведе со1:0, но веднаш следеше ри-брејк на македонската тенисерка за 1:1. Во петтиот гем повторно Шпанката имаше брејк за водство од 3:2, но веднаш Ѓорческа изедначи со нов брејк за 3:3. Во десеттиот гем Ѓорческа ја реализираше првата меч топка и сетот го заврши со 6:4 во гемови.

Ова беше прва победа за Ѓорческа во меѓусебните дуели откако Шпанката имаше триумф во Коксијде на фјучрс турнир во 2021 година.

Противничка на Ѓорческа во второто коло од квалификациите ќе и Франциска Жорге од Португалија (226.место ВТА ранг)