Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денес ги стартува квалификациите на Вимблдон.

Нејзина ривалка во првата рунда од квалификациите ќе и биде шпанската тенисерка Анхела Фита Болуда (26 години). Противничката на Ѓорческа се наоѓа на 213.место на ВТА ранг-листата и во кариерата има 10 турнирски победи на ИТФ турнири. Оваа година има одиграно четири финалиња и има само една победа. Најдобриот ранг и бил 190.место.

Според официјалниот распоред, нивниот дуел е втор меч на теренот 8 во Роемптон, каде што се играат квалификациите за Вимблдон. Програмата почнува во 12 часот (по македонско време). Женските квалификациски мечеви се играат до 25.јуни.

Ѓорческа на Вимблдон има настапувано во 2017 и 2024 година, кога настапот го завршуваше во првата квалификациска рунда.

Следете нé на социјалните мрежи