Тринаесеттиот ден од Светското првенство е воедно и завршница на второто коло во групната фаза. Ќе се играат по два натпревари во групите К и Л.

Денот започнува со натпреварот од групата К, помеѓу Португалија и Узбекистан во Хјустон во 19 часот.

Португалците предводени од Кристијано Роналдо, потфрлија во првиот меч играјќи 1-1 со ДР Конго. Дали Роберто Мартинез ќе го искористи натпреварот против дебитантот за да го задржи Роналдо на клупата, чувајќи го за подоцна и тестирајќи го остатокот од тимот. Сепак, Португалија неопходна и е победа имајќи во предвид дека во последното коло ќе игра против Колумбија која веќе впиша една победа.

Колумбијците пак во раните утрински часови ќе играат со Конго и евентуален триумф би ги задржал на првата позиција нја табелата.

📅 👑 К група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови

Многу поинтересено се очекува да биде во Л групата во која Англија и Гана веќе имаат по една победа и три бодови.

Затоа натпреварот во Бостон од 22 часот, е дуел кој веројатно ќе решава за првото место на табелата. Од друга страна Хрватите кои загубија од Англија со четири примени голови ќе мора да најдат начин по секоја цена да ја совладаат Панама. Само така, Модриќ и дружината остануваат во игра за нокаут фазата.

📅 👑 Л група Град
# Тим Натпревари Победи Нерешено Порази Голови Гол-разлика Бодови