Македонската сениорска кошаркарска репрезентација се подготвува за јулските натпревари во претквалификациите за Евробаскет 2029.

По неколку дена подготовки во Скопје, избраниците на селекторот Жозеп Мариа Берокал, ќе го одиграат првиот контролен меч.

Во Самоков попладнево (18 часот) Македонија ќе „спарингува“ со Бугарија. Стручниот штаб располага со 13 кошаркари за одвој дуел.

Тимот го предводи капитенот Војдан Стојановски, а во составот се: Ѓуроски, Петков, Какруки, Ефремовски, Лука Стојановски, Хот, Иванов, Ташовски, Тачи, Луканоски, Бошалески и Тома Стојаноски.

Натпреварот е проверка за „црвено-жолтите“ пред дуелите со Ирска (2 јули) во Скопје и Луксембург (5 јули) на гостински терен.

Следете нé на социјалните мрежи