Репрезентацијата на Шпанија ја оствари првата победа на Светското фудбалско првенство.
Откако одиграа без голови против Зеленортските острови во 1 коло, Шпанците во 2.коло од Х групата ја совладаа Саудиска Арабија со 4:0.
„Црвената фурија“ која важи за еден од ТОП фаворитите за шампионскиот трофеј, целата работа ја заврши во првото полувреме.
Микел Ојарзабал беше клучниот играч на Шпанија. Фудбалерот на Сосиедад му асистираше на Ламин Јамал за водство од 1:0 во 10-тата минута. Потоа Ојарзабал два пати се запиша во листата на стрелци (21 и 24 минута), за три гола предност на Шпанија.
По само четири минути игра во вториот дел веќе беше 4 спрема нула. По ударот на Кикуреља топката ја зафати Тамбакти и си постигна автогол. Иако во судиското дополнение и Торес ја затресе мрежата на Арапите, сепак голот беше поништен поради офсајд.
Шпанците сега се први на табелата со 4 бодови. Во следното коло ќе го играат дербито со Уругвај ќе кој вечерва ќе игра против Зеленородските острови.

| 📅 | ⏰ | 👑 Х група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|






























