Седмиот натпреварувачи ден на Светското фудбалско првенство, ќе понуди нови четири натпревари со кои ќе биде комплетирано првото коло. Тоа се натпреварите од двете последни К и Л групи.
Дербито на денот ќе се игра во Далас, САД, каде ќе се судрат европските гиганти Англија и Хрватска. Тоа треба да биде можеби и најинтересниот натпревар во првата рунда на Мундијалот. Сепак влогот на двете селекции е голем, па може да гледаме и многу тактички надмудрувања на двајцата селектори Тухел и Далиќ.
Англичаните имаат одличен тим кој на последните неколку натпреварувања доаѓа до самата завршница, но никако да се искачи на врвот. На последните две Европски првенства, Англичаните беа сребрени, а на Мундијалите во Карат и Русија стигнаа до четвртфиналето, односно четвртото место.
Хрватите предводени од Лука Мориќ на последните две Светски првенства беа во ТОП-4 селекции. На последниот Мундијал во Катар (2022), ја освоија бронзата, а во Русија (2018) загубија во финалето од Франција. Ова ќе биде последна шанса за Модриќ да се искачи на светскиот врв, но задачата за „коцкестите“ ќе биде пеколно тешка.
Во оваа група се и селекциите на Гана и Панама, па јасно е дека дуелот Англија – Хрватска би требало да решава за првото место.
| 📅 | ⏰ | 👑 Л група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|

Денешната програма ќе биде отворена доцна попладнево од 19 часот со натпреварот во Хјустон.
Во него Португалија предводена од Кристијано Роналдо е апсолутен фаворит во дуелот со ДР Конго. Популарните „морепловци“ на последните две големи натпреварувања стигнуваа до четвртфиналето. На Европското во Германија (2024) завршија шести, а во Катар на Мундијалот (2022) осми.
Португалците не би требало да имаат проблем да го освојат 1.место во К групата, бидејќи во неа се уште и Колумбија и Узбекистан. Но, имаат ли капацитет за нешто повеќе од четвртфинален, останува да видиме.
| 📅 | ⏰ | 👑 К група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|
































