Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација денеска ги полична подготовките за следните два дуели во претквалификациите за Евробаскет 2029.
Првиот собир се одржа во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје, а настанот беше затворен за јавноста. Селекторот Жозеп Мариа Берокал состави поширок список на кошаркари, меѓу кои има и нови имиња кои досега не биле дел од националниот тим. Во текот на подготовките ќе биде потврдено и кои натурализирани кошаркари ќе конкурираат за место во тимот.
Во оваа фаза од подготовките, репрезентативците ќе работат со по еден тренинг дневно, а пред крајот на работната седмица е планиран и првиот контролен натпревар. Првата проверка за „црвено-жолтите“ ќе биде на 21 јуни, кога Македонија ќе игра против селекцијата на Бугарија на гостински терен.
Подготовките се насочени кон дуелите од „А“ групата, каде Македонија ќе игра против Ирска и Луксембург.
Првиот натпревар е закажан за 2 јули против Ирска, и тоа во Скопје, а три дена подоцна следува гостувањето во Луксембург.































