Фудбалерите на Австралија ја победија Турција со 2-0, правејќи големо изненадување кое значително ќе ја искомплицира ситуацијата во Групата Д.
Турците упатија дури 30 удари кон голот, но беа казнети за промашувањата, а нивниот пат до нокаут фазата сега ќе биде многу потежок. Нестори Иранкунда во27.минута, доби одлично додавање, го помина голманот Угурџан Чакир и ја доведе Австралија до водство.
Примениот гол не ги обесхрабри Турците, кои продолжија со нападите. Најблиску до израмнување беа во 30-тата минута кога Абдулкерим Бардакчи со добар шут ја погоди стативата. Казната за бројни промашувања дојде во 75-тата минута. Конор Меткалф ја прими топката на работ од шеснаесетникот и со прецизен удар погоди за 2:0.
Херој на натпреварот беше голманот Патрик Бич. Неговите интервенции во клучните моменти ѝ овозможија на Австралија да постигне вредна победа.

| 📅 | ⏰ | 👑 Д група | Град | ⚽ |
|---|
| # | Тим | Натпревари | Победи | Нерешено | Порази | Голови | Гол-разлика | Бодови |
|---|

































