Кошаркарскиот клуб ТФТ од Скопје, минатата сезона беше вистинско изненадување во АБА2 конкуренцијата. ТФТ стигна до финалето, а потоа играше и бараж за АБА1.
ТФТ заврши како четврти во домашното првенство, сепак и следната сезона ќе игра во АБА2 потврдија од клубот.
Сега и официјално – КК ТФТ и следната сезона ќе биде дел од регионалната АБА 2 лига!
Како минатосезонски вицешампиони на АБА 2 лигата и првопласирана екипа во регуларниот дел од сезоната во Првата македонска лига, обезбедивме учество во АБА 2 лигата и за сезоната 2026/27.
По тој повод, сакаме да му се заблагодариме на раководството на АБА лигата за укажаната доверба и можноста повторно да бидеме дел од ова престижно регионално натпреварување.
Со голема мотивација и амбиција влегуваме во новата сезона, со желба да оствариме уште поголем успех и достојно да ја претставуваме македонската кошарка на регионалната сцена.
Кошаркарски клуб ТФТ АД Скопје



































