женската сениорска одбојкарска репрезентација на македонија го претрпе вториот пораз во цев европската лига.

првиот од трите турнири во оваа натпреварување македонските одбојкарки го завршуваат со два порази. Откако вчера беа совладани од унгарија со 0:3, попладнево тие загубија и од домаќинот португалија со истиот резултат.

далеку од конкурентни беа избраничките на селекторот Милош Гавриловиќ, во однос на Португалките. Противничките ни препуштија по 16 поени во првите два сета, а во третиот само единаесет (25-16, 25-16 и 25-11).

Од овој турнир нашите одбојкарки директно заминуваат за Аликанте, каде на 12 и 13 јуни, ќе играат против Шпанија и Азербејџан.Последниот, трет турнир од Европската лига , Македонија го игра пред својата публика во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Од 19 до 21 јуни нашите одбојкарки ќе ги пречекаат Словенија и Хрватска.