Марк Маркез победи на денешната трка за Големата награда на Унгарија во шампионатот на Мото ГП. На патеката Балатон Парк Маркез стигна до својата 100-та победа во сите класи.

Со тоа Шпанецот5 им се приклучи на Џакомо Агостини и Валентино Роси кои имаат повеќе победи од него, а како единствените со 100+ победи во кариерата.

Маркез ја помина целта во Унгарија за 42 минути и 23,337 секунди. Второто место го освои Педро Акоста од тимот КТМ, а Франческо Бања, колега на Маркез, заврши на третото.

Трката беше обележана со инцидент во првиот круг во првата кривина. По доцното сопирање Хорхе Мартин го исфрли Марко Бечи од патеката. Во инцидентот беа вклучени и Фермин Алдегуре и Раул Фернандес. Фабио ди Џанантонио успеа да ја продолжи трката. Мартин беше пренесен во медицински центар по несреќата.

Во генералниот пласман нема промени по трката во Унгарија. Марко Безеки води со 180 бода, Мартин има 160, а Ди Џанантонио е трет со 138 бода. Со денешната победа Маркез сега е петти со 108 бода.

Шампионатот продолжува на 21 јуни со трката во Брно за Чешка.