Двете сениорски одбојкарски репрезентации на Македонија деновиве се активни и со нови настапи во ЦЕВ Европската лига. Значењето на ова натпреварување сега е многу поважно бидејќи преставува дел од квалификациите за Европскиот шампионат 2028 година.

Женската репрезентација е во Португалија, каде попладнево го игра вториот меч. По вчерашниот пораз во три сета од Унгарија, македонските одбојкарки денеска за противник ја имаат домашната селекција на Португалија. Овој меч ќе почне од 17.30 часот.

Во терминот од 19 часот, во салата „Парк“ во Струмица, својот втор натпревар ќе го почнат македонските одбојкарите. Тие пред два дена беа поразено до фаворитот Холандија во три сета, а денеска ќе играат против Луксембург.