Њујорк Никс го победија Кливленд Кавалирс со 121:108 на гостински терен и поведе со 3-0 во финалето на Истокот.
Никс доминираа во текот на целиот меч во Кливленд благодарение на одличниот шут и цврстата одбрана. Џејлен Брансон со 30 поени и Микал Бриџис со 22 поени беа најдобри стрелци кај победничкиот тим. Во поразениот тим на Кливленд најмногу се истакна Еван Мобли, кој натпреварот го заврши со 24 поени.
Тимот од Њујорк се наоѓа на чекор до своето прво големо НБА финале по далечната 1999 година. Првата шанса Никс ќе ја имаат ноќта меѓу понеделник и вторник во 02:00 часот повторно во Кливленд.

































