Ракометарите на Охрид денеска ќе го играат историското финале на ЕХФ Европскиот Куп.
Македонскиот тим гостува кај силниот унгарски состав Татабања во првиот натпревар од битката за вредниот трофеј.

Охридските „гладијатори“ имаат фантастична европска сезона зад себе со девет победи и само еден минимален пораз.

Унгарскиот претставник игра одлично на домашен терен и важи за исклучително опасен противник со долга и квалитетна клупа. Голем број македонски навивачи веќе пристигнаа во Унгарија каде пред почетокот е организирана и специјална фан-зона.

Пред овој голем предизвик, десното крило на Охрид, Дарко Ѓукиќ, испрати моќна порака до јавноста и навивачите.

„Во финалето ниту една екипа не е фаворит и трофејот ќе го освои таа екипа што ќе има повеќе желба“.

Денешниот дуел Татабања – Охрид ќе почне во 17 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇

Вториот и одлучувачки натпревар, за европскиот пехар ќе се одигра пред преполните трибини во Охрид за точно седум дена.