Украинскиот боксер Олександар Усик ја одбрани титулата во тешка категорија со спектакуларен нокаут во единаесеттата рунда против Рико Верховен.

Противникот на Усик е познат под прекарот „Кралот на кикбоксот“. Рико Верховен има импресивна кариера со вкупно 66 победи и само 10 порази. Тој беше апсолутен шампион во тешка категорија на престижната промоција GLORY Kickboxing повеќе од 11 години во низа. Во тој златен период, холандскиот гигант успеа да го одбрани својот шампионски појас рекордни 13 пати по ред.  За 37-годишниот Верховен, ова беше само втор пат да се бори како боксер.

Мечот под Пирамидите во Гиза беше израмнет во воведните 5-6 рунди. Холандскиот кикбоксер во наредните со серија на прецизни удари создаде предност од седум поени, пред последните две рунди. Во 11-тата, иако Рико делуваше дека ја контролира бабата, сепак искуството на Усик но и судиската одлука пресуди. Во завршите 20-тина секунди Украинецот со серија на удари го прати на подот противникот. Холанѓанецот успеа да се соземе за миг, но Усик продолжи со офанзивата, па судијата на 2 секунди пред истекот на рундата го прекина мечот.

Иако остана впечатокот дека Рико може да продолжи во последната руда, сепак судиската беше последна.

Усик има совршен професионален биланс од 25 победи на 25 меч, без пораз или нерешен исход. Од нив, 16 се постигнати со нокаут, што ја потврдува неговата доминација на рингот. Тој е првиот боксер во историјата кој ги обединил сите четири големи појаси во две различни категории.

Во тешка категорија моментално ги поседува титулите во верзиите WBC, WBA и IBF, како и престижниот појас на The Ring магазинот. Претходно. Во полутешка категорија, ги имаше сите четири светски титули, вклучувајќи ја и WBO верзијата. Со овие достигнувања, Усик се запиша меѓу најголемите легенди во историјата на светскиот бокс.