Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и Маџари вечерва ќе го имаат второто соочување во финалето од плеј-офот.
Актуелниот шампион МЗТ Скопје веќе има предност од 1:0 во победи во серијата подобар до три. Аеродромци пак ќе ја имаат и предноста на домашниот терен бидејќи и денешниот натпревар ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“.
Дебитантот Маџари го изнамачи првакот во првиот меч пред три дена. Избраниците на Мишо Тодоровиќ беа рамноправни триесетина минути и покажаа дека може да се надигруваат со фаворитот. Тие денеска ќе се обидат да направат чекот повеќе, односно да стигнат до победа и израмнување, пред серијата да се префрли во Маџари. Таму треба да се играат следните два натпревари, под услов, МЗТ да не го добие финалето во три меча.
Дали Маџари е кадарен да направи „брејк“ на теренот на МЗТ останува да видиме од натпреварот што ќе почне од 18 часот.
Дуелот број 2 меѓу МЗТ Скопје и Маџари ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇




























