Вечерва на арената „Тодор Проевски“ во Скопје ќе се игра 34-тото финале во фудбалскиот Куп на Македонија.

За трофејот ќе се борат фудбалерите на кратовски Силекс и тетовска Шкендија.

За екипата на Силекс ова е исклучително важен натпревар бидејќи преку него се брка настап на европската сцена. Дарко Анѓелески, капитенот на Силекс вели дека ќе гледаме одлично финале, предводникот на кратовци верува во квалитетите на тимот.

„Ова е најважниот натпревар за нас сезонава и подготвени сме да го дадеме максимумот за да го освоиме трофејот. Знаеме дека не очекува тежок противник, но веруваме во нашите квалитети и во тимскиот дух. Се надевам на добро финале, фер игра и радост за нашите навивачи на крајот“, изјави капитенот на Силекс, Дарко Анѓелески.

Силекс во своето шесто финале во Купот, ќе се обиде да го освои четвртиот трофеј. Првите два пехари Кратовци ги освоија во деведесеттите години (1994 и 1997), а последниот, во 2021-варта кога и последен пат играа и финале и беа подобри на пенали од струмичка АП Брера.

Шкендија која има едно финале помалку од Силекс, иако го загуби шампионскиот примат првак на Македонија, сега шанса за трофеј ќе бара во Купот. Во отсуство на повредениот Бесарт Ибраими, вечерва капитенската лента на тетовци ќе ја носи, Арбин Зејнулаи.

„Шкендија секогаш пред почетокот на сезоната игра за титули дома и добар настап во Европа. Ова е многу важен меч за нас и ако го дадеме максимумот, мислам дека на крајот ќе стигнеме до трофејот“, изјави Зејнулаи.

Шкендија досега два пати успеаја да го освојат трофејот и тоа во 2016, 2018, а во последното 2020 загуби од Македонија Ѓорче Петров.

Финалето меѓу Силекс и Шкендија ќе почне од 20 часот. Кој ќе биде наследник на минатогодишниот освојувач Вардар кој е најтрофеен во ова натпреварување со 6 пехари, останува да видиме.

Дуелот за куп трофејот може да го ГЛЕДТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇