Новата натпреварувачка сезона во македонската кошарка официјално ќе биде отворена со натпреварот за Суперкупот на Македонија „Драган Василов – Цевка“.

Натпреварот е закажан за сабота, 26 септември, во 18 часот, а ќе се одигра во Спортската сала во Куманово. Toa ќе биде реприза на ланското финале во Купот во кое МЗТ Скопје Аеродром до трофејот стигна совладувајќи го Куманово.

Согласно системот на натпреварување, во Суперкупот се среќаваат шампионот на највисокото сениорско првенство и освојувачот на Купот на Македонија. Бидејќи МЗТ Скопје Аеродром во сезоната ја заврши со двојна титула, противник на ќе биде Куманово, финалистот во Купот.

Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ воедно ќе биде и прва пресметка во новата сезона. Со него и официјално ќе започне новото поглавје во македонската клупска кошарка.