Во првиот од двата натпревари што се играат во Битола денеска, ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Мулди Есенс. До втората победа во новата суперлигашка сезона стигнаа со конечни 37-28.
Иако пелистерци важеа за апсолутен фаворит, а настапија без неколкумина стандардни првотимци, младиот состав од Автокоманда одиграа одлични 25.минути период до кога имаше и водство. Тимот на Мулто Есенс од самиот почеток поведе и во неколку наврати водеше со +3 се до 16.минута кога беше 8-11. Тогаш избраниците на Лино Червар заиграа многу поангажирано и успеаја да го свртат резултат во своја полза. На полувреме зелено-бнелите водеа со 18:14.
Во вториот дел, пелистерци полека ја зголемуваа предноста, која на крајот беше и двоцифрена, а Е.Пеистер славеше со конечни 11 голови разлика.
Прв стрелец во победничката екипа Ненад Белистојаноски со 9 голови, а Мирче Калајџиовски и Петар Атанасијевиќ постогнаа по шест. кај Мулти Есенс се истакна Давид Трајковски кој натпреварот го заврши со седум гола.
Ова беше првиот од шесте натпревари од 2.коло што се играат денеска, но и прв од двата кои се играат во салата „Боро Чурлевски“. На истиот терен од 19 часот, ќе играат вториот тим на Еурофарм Пелистер (2) и екипата на Алкалоид.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|




































