Второто коло во машката ракометна Супер лига на програмата е денеска, а сите шест натпревари ќе се играат попладнево и вечерва.
Двојна програма ќе има во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, каде пелистерци ќе играат против екипите од скопска Автокоманда.
Во првиот меч од 16.30 часот вицепрвак од Еурофарм Пелистер за противник ќе го има составот на Мулти Есенс. Веднаш потоа ќе следува и вториот натпревар, меѓу втората екипа на Еурофарм Пелистер и тимот на Алкалоид.
Шампионот Вардар ќе гостува кај МРК Куманово во терминот од 19 часот, за кога се закажани натпреварите во Кавадарци меѓу Тиквеш и Бутел, односно езерското дерби меѓу Охрид и Струга. Колото ќе биде комплетирано со натпреварот во Богданци каде Младост ќе го пречека составот на Прилеп.
Распоред
Се вчитуваат резултатите…
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|





























