Фудбалерите на Реал Мадрид остварија убедлива победа над Рајо Ваљекано со 4-1 на „Сантијаго Бернабеу“, во натпревар од петтото коло од шпанската Ла Лига.
Домаќините тргнаа офaнзивно уште од првата минута и брзо го скршија отпорот на противникот. Килијан Мбапе го отвори резултатот во 14-тата минута од пенал, носејќи рана предност за својот тим.
Само три минути подоцна, Алваро Карерас го зголеми водството на 2-0 по одлична асистенција на Мбапе. Пред заминување на одмор, Џуд Белингам во 35-тата минута ја искористи асистенцијата на Винисиус Џуниор и погоди за 3-0.
Во второто полувреме гостите покажаа знаци на живот и намалија на 3-1 преку Серхи Камело во 51-вата минута. Сепак, мадриѓаните ја контролираа играта до самиот крај и не дозволија какво било изненадување.
Точка на натпреварот стави Мбапе со својот втор гол во првата минута од судиското продолжение, поставувајќи ги конечните 4-1 по асистенцијата на Арда Ѓулер. Со оваа победа Реал Мадрид ги освои сите три бода пред повеќе од 70 илјади гледачи на својот стадион.




































