Епитетот дерби на колото во МЛС лигата целосно ги оправда очекувањата, но Интер Мајами повторно испушти победа во самата завршница.

Тимот од Флорида одигра 2-2 против лидерот Нешвил, запишувајќи го третиот „реми“ резултат по ред во шампионатот.

Натпреварот започна одлично за гостите, кои уште во четвртата минута поведоа преку Сем Сариџ, со неговиот прв погодок. Домаќините се вратија во игра во 19-тата минута, благодарение на автоголот што го постигна несреќниот Рид Бејкер-Вајтинг.

Пресвртот за Мајами го донесе Лионел Меси во 62.минута, по одличната асистенција на Родриго де Пол. За Меси тоа беше 19-тиот гол сезонава во МЛС лигата.

Кога сите очекуваа прекинување на негативната серија, Сариџ со својот втор гол во 91-вата минута ги постави конечните 2-2.

Со овој бод гостите ја сочуваа големата предност од девет бода на врвот на табелата пред својот директен ривал.