Фаворитите во машката ракометна Супер лига остварија очкуваби победи во рамките на второто коло.

Шампионот Вардар славеше на гостувањето против МРК Куманово со резултат 30:32 во драматичен финиш.

Избраниците на Иван Чупиќ имаа висока предност од седум голови на полувремето. Кумановци направија голема серија во финишот и се приближија на само еден гол негатива. Сепак, искуството на скопскиот тим пресуди за освојување на новите два бода. Ашраф Саид Фадуил и Мигел Пинто Тузолана постигнаа по шест голови за Вардар.

Екипата на ГРК Охрид покажа целошна доминација и ја прегази Струга во езерското дерби со 33:16.

Охриѓани уште од самиот почеток наметнаа силно темпо и не му оставија шанса на противникот. Новиот ракометар Доминик Мате го предводеше победничкиот тим со седум постигнати погодоци. Со оваа победа Охрид само ја докажа својата фаворитска улога, а стружани немаа никаков одговор за моќната одбрана на домашниот состав.

Алкалоид успеа да го скрши силниот отпор на Еурофарм Пелистер 2 и победи со 27:31.

Младите битолчани одиграа храбро и во второто полувреме имаа минимално водство од 15:14. Тимот на Кирил Лазаров сепак го подигна нивото на игра во клучните моменти од мечот. Марко Митев со шест голови беше најефикасен во таборот на вицешампионот. Голманот Иван Галевски даде голем придонес со единаесет успешни интервенции на голот.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б