Фудбалерите на Шкендија остануваа и натаму на европската сцена и тоа како единствен македонски претставник. Тетовскиот тим го мина второто квалификациско коло за Конференциската лига.
Ова откако, вечерва, во ревеш дуелот со словенечкиот Браво, тимот на Шкендија со пресврт дојде до победа со 3-1. Така тетовци ја анулираа негативата од првиот меч во Љубљана што го загубија со 1-2.
Првата опасност беше пред голот на словенечкиот тим. Во 10.мимута по уфрлувањето од левата страна, во последен миг пред Ндзенгуе интервенираше Камерунецот, Халилу.
Во 14.минута малку недостасуваше Спахиу да го изненади Розман, но голманот на гостите добро беше поставен.
И кога веќе не беа искористени овие две шанси следуваше казна на спротивната страна. Нерешителноста на одбраната на Шкендија, со прекрасен гол од 16 метри, ја казни Станковиќ, за водство на Браво од 0- 1.
Сепак тоа тетовци не ги поколеба. Тие продолжија со офанзивната игра и создавање на шанси а конечно материјализира во 38та минута. По нафрлувањето на Исламот, гостинскиот фудбалер Гашпер Јован несреќно ја погоди својата мрежа за израмнување на 1-1.
А, вториот дел македонскиот вицепрвак го започна фантастично. Во 50,минута Шкендија дојде до водство од 2-1. По акцијата од десната страна и одличното нафрлување на Тамба, на вистинското место се најде Круезиу кој со глава ја зави топката во мрежата на гостите.
Само пет минути подоцна Ндзенгуе имаше шанса зголеми на 3-1. Небранет од никој од 5-6.метри биеше со глава, но само во стативата на голот на Браво.
Првенецот на Ѓорѓиевски ја одведе Шкендија во следната рунда
Немаа среќа Тетовци и во 80.минута, кога новајлијата Ѓорѓиевски ја погоди пречката на гостинскиот гол. Само две минути подоцна тој му инсистираше на Тамба но, голман на Браво беше на вистина на задачата. Просто неверојатна беше што се испромашија фудбалерите на Шкендија. Во осумдесет и петтата минута Ѓорѓиевски небранет од никој од само пет метри биеше по надворешниот дел од мрежата на противничкиот гол.

Сепак конечно му се посреќни во третиот обид на Ѓорѓиевски и тоа во 88.минута кога со глава погоди за 3-1.
Во 3.коло квалификации Шкендија ќе играат против победникот од дуелот Малишева (Косово) – Хибернијан (Шкотска), Поблиску до пласман понатаму е шкотската екипа која води со 4-0, откако првиот меч го загуби со 0-2.































