Успешниот настап на Лина Ѓорческа на Вимблдон, и донесе прогрес на македонската тенисерка на најновата ВТА ранг листа.
Ѓорческа која мина три квалификациски рунди и играше во 1.коло на Вимблдон, направи скок од 14 места. Таа пред настапот во Лондон беше на 222-та позиција, а денеска е рангирана на 208-мото место.
Сепак најдобар ранкинг на ВТА листата Лина Имаше на 17 јуни 2017 година кога беше на 170 место.
Ѓто се однесува во десетте најдобри таму има повеќе промени.
На првите две места и натаму се Сабаленка, па Рибакина, а сега по нив се Американките, Пегула и Гоф. Анисимова падна на петтото место.
Финалистката на Вимблдон, сега е шеста (претходно деветта), а шампионката Носкова од 12-тото скокна на седмото место.


































