Италијанскиот тенисер Јаник Синер успеа да ја одбрани титулата на Вимблдон по исцрпувачка и драматична битка против Германецот, Александар Зверев.

Првиот рекет на светот славеше по голем пресврт со резултат 3:1 во сетови по речиси четири часа врвен тенис.

Зверев го отвори финалниот меч многу подобро и успеа да го добие прв сет по голема борба во тај-брејкот 6-7. Италијанецот веднаш возврати со иста мера во вториот сет (7-6) каде што покажа извонредна ментална стабилност за време на клучните поени.

Одлучувачкиот момент во третиот сет се случи по речиси три часа игра. Синер конечно го направи првиот брејк во мечот, а сетот го доби со 6-3. Германскиот тенисер постепено почна да го губи силниот ритам на сервис што неговиот противник вешто го искористи за целосен резултатски пресврт. Синер ја запечати победата во четвртиот сет со кој го реши со 6-4.

Оваа голема победа за Синер во Лондон кој стигна до јубилеен стоти триумф на најпрестижниот тениски турнир во светот. Тој го освои својот петти голем Гренд слем трофеј, втор на Вилбдон на кој триумфираше и минатата година,

Бранителот на тронот уште еднаш докажа дека со право владее со светскиот тениски и останува светски рекет број 1 во моментов.